Холивудската актерка Шарлиз Терон изјавила дека ужива во тоа што за прв пат е сама и слободна. Терон, која добила Оскар за улогата на сериски убиец во филмот „Чудовиште“, за декемвриското издание на „Вог“ изјавила дека ова и е прв пат да не е во врска од својата 19 година. Додала дека претходно влегувала од врска во врска како не би била сама и дека тоа бил нејзин облик на моногамија.

Актерката десет години се забавувала со колегата Стјуарт Таузенд пред да раскинат во 2010 година. Терон рекла дека кога нивната врска почнала да се распаѓа, одлучила да паузира со кариерата во обид истата да ја спаси, и објаснила дека истото би го сторила повторно. Моментално работи на комедијата ”Young Adult”која ќе биде во режија на Џејсон Ратман, а по сценарио на оскаровката Дијабло Коди.