Шарлиз Терон, доколку може да се суди според написите во американските медиуми, е вљубена во актерот Ерик Стоунстрит, кој е познат по улогата на хомосексуалецот Камерон Такер во хит серијата „Модерно семејство“.
Актерите се запознале преку заеднички пријатели на почетокот на оваа година во Лас Вегас. Ерик неодамна ја раскинал долгата врска со Кетрин Токарз, додека Шарлиз во мај го посвоила момчето Џексон. Извор близок на парот рекол дека добро се сложуваат и дека биле само пријатели, но пријателството прераснала во нешто повеќе.