Шарлиз Терон моментално е гостин во Берлин каде учествувала на еден хуманитарен настан, а на црвениот тепих се појавила во топлес фустан и со залижана кратка коса, а многумина прокоментирале дека овој имиџ никако не и прилега.
Иако делувала беспрекорно елегантна во долгиот сребрен фустан, целото внимание било насочено кон нејзината коса. Актерката се ишишала пред неколку месеци поради улогата во римејкот на познатиот филм „Лудиот Макс“.