Актерката Шарлиз Терон позирала на насловната страна на новото издание на списанието „Вог“, во долг син фустан со провокативен шлиц. Ѕвездата открила дека го обожава својот посвоен син Џексон и дека ќе го одгледа баш како што таа била одгледана од нејзината мајка.

Таа изјавила како се надева дека ќе биде како нејзината мајка, чесна, грижлива и силна. Актерката додала и дека нејзината мајка едвај чекала да стане баба, напоменувајќи дека нејзината љубов ја охрабрила да стане независна и оригинална.