После само неколку месеци од раскинувањето и многубројните шпекулации, убавата актерка Шарлиз Терон проговори за причините на своето раскинување со славниот колега Шон Пен. Имено, многумина беа шокирани кога беше објавено дека актерите раскинаа после 18 месеци врска. Иако никогаш не ги коментираа причините за разделувањето, актерката по прв пат откри што всушност се случи. Првенствено истакна дека нема вистина во гласините дека ги прекина сите контакти со својот поранешен и нагласи дека договорно ставија крај на врската. Шарлиз изјави дека немало потреба за толкава сензација околку нечие раскинување. Иако секогаш се очекува дека зад раскинување се крие некоја драматична приказна, во овој случај тоа не било точно.

 

Иако била осудувана дека нагло и бесчуствително го исфрли Шон од својот живот, таа тоа го негира. Вели дека кога повеќе не функционирало, двајцата се договориле дека е најдобро да прекинат. Шарлиз исто така ги негира гласините дека Шон планирал да го посвои нејзиниот четиригодишен син и додава дека сеуште не биле во доволно сериозна врска како би се фокусирале на донесување така големи и важни одлуки.