Популарната и прекрасна актерка Шарлиз Терон за 4,5 милиони евра ја продала вилата во Малибу од 1930 година, која имала прекрасен поглед на океанот. Ја купил режисерот на популарната серија ‘Glee’, Рајан Марфи.


Шарлиз во таа куќа живеела со поранешното момче Стјуарт Таузент. По прекинувањето на деветгодишната врска и долгото размислување актерката одлучила да се реши од сите работи кои ја потсеќаат на ирскиот актер и да продолжи напред со својот живот.