Акерката Шарлиз Терон посвоила момче по име Џексон, открил нејзиниот портпарол за порталот “Female First”. Тоа е прво дете за 36-годишната јужноафриканска убавица која е и добитничка на Оскар за најдобра женска улога.

Нејзиниот портпарол не сакал да изнесува детали околу посвојувањето. Шарлиз во јануари 2010 година се разделила од Стјуарт Таусенд со кој била во врска девет месеци.