Шарлиз Терон не сака да се омажи, бидејќи бракот не го смета за важен во животот. Славната актерка во минатото истакнувала дека нема да се омажи се додека браковите не станат легални за хомосексуалните парови. Сепак, иако неодамна Њујорк ги озаконил таквите бракови, Шарлиз рекла дека не сака брак.


Изјавила дека бракот никогаш не и бил претерано важен. Како причина за тоа се споменувал лошиот брак на нејзините родители, но таа рекла дека тоа немало влијание и дека единствено што сака и што и треба е долга врска. Таа неколку години била во врска со актерот Стјуарт Таузенд, но раскинале минатата година.