Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон ја избричила главата за потребите на новиот филм, но и ја искористила паузата по промоцијата на новите остварувања како би му се посветила на синот. би се рекло ништо необично, доколку актерката не била фотографирана на Беверли Хилс во прошетка со синот и новата фризура која ја криела под шешир. По Ен Хатавеј и Синтија Никсон, и Шарлиз Терон за потребите на филм ја избричила главата.
Имено, таа наскоро че почне да го снима четвртото продолжение на постапокалиптичната приказна „Лудиот Макс“. Ова не е прва драстична трансформација за неа, бидејќи во 2003 година се здебелила 15 килограми за улогата на проститутка убиец во филмот „Чудовиште“. Снимањето на филмот „Лудиот Макс 4“ ќе започне во јули во Африка.