Веќе извесно време се пират гласини за романсата помеѓу славните оскаровци, а медиумите сега пишуваат и дека парот планира да започне заеднички живот, откако биле објавени фотографии на куќата на пен снимена од воздух, на кои се гледа како актерот направил модификации на својот двор како би се припремил за доаѓање на дете. Така на фотографиите се гледеа ограда која е ставена околу базенот, како и трамбулина која е сместена во задниот дел од дворот.
Шарлиз и нејзиниот двегодишен син Џексон во последно време доста време минуваат со Шон. Откако се појавиле заедно за Нова година на Хаваите, каде биле фотографирани како се бакнуваат, видени се заедно уште во неколку наврати, вклучувајќи ја и забавата во Лос Анџелес која била одржана после доделувањето на Оскарите. Извор близок на парот вели дека секоја ноќ ја минуваат заедно и дека нивната врска многу брзо напредува, и изгледа дека не можат еден без друг.