Шарлиз Терон и Кристен Стјуарт на премиерата на филмот „Снежана и ловецот“ во Лондон се појавиле во заносни црни проѕирни фустани. Шарлиз на себе имала проѕирна Диор креација, додека ѕвездата на „Twilight saga“ избрала чипкан фустан од модната куќа „Маркез“.
Кристен, која на премиерата стигнала во патики а пред фотографирањето облекла елегантни чевли, рекла дека и се допаѓало тоа што го носела, но едвај чекала да се соблече. На премиерата бил и нивниот филмски партнер, австралискиот актер Крис Хемсворт. Кристен и овој пат покажала дека не ги следи конвенционалните кодови за однесување, па пред новинарите во еден момент на Шарлиз во шега и го покажала средниот прст.