Оскаровецот Шон Пен ќе се врати на режијата прв пат после 2007 година кога го снимил филмот „Во дивина“, со тоа што овој пат ќе режира романтична драма сместена во Африка со наслов “The Last Face”. Како што пренесуваат холивудските медиуми, во филмот на Пен ќе игра неговата животна партнерка ШАрлис Терон како и Хавиер Бардем.

Овие двајца Оскаровци ќе играат хуманитарен работник и лекар кои се вљубуваат еден во друг. Тогаш лекарот кој го игра Бардем ќе мора да бира помеѓу љубовта и посветеноста на своето занимање, спасувањето на животи во воените зони. Новинарката во филмот ќе ја игра младата француска ѕвезда Адел Ескаркопулос, ѕвездата на филмот „Сината е најтопла боја“. Снимањето на филмот почнува ова лето во Африка.