Јужноафриканската актерка минатата седмица одговараше на повици во Њујорк во хуманитарна акција за жртвите од Хаити. Оскаровката во таа прилика открила дека повеќе не го носи прстенот кој и бил подарен од долгогодишното момче Стјуарт Таунсенд, со што ги поттикна шпекулациите дека повеќе не се заедно. Еден пријател на Терон изјавил дека раскинале за време на новогодишните празници.
Сфатила дека не им оди повеќе кога биле на одмор во Мексико. Актерот веќе ги преместил своите работи во нивната куќа во Малибу, додека актерката останала во Холивуд. Шарлиз наводно била многу изненадена бидејќи веста за нивното раскинување не се појавила порано во медиумите.