Вториот ден од филмскиот фестивал во Кан започна со многу интересен тон. Славната холивудска актерка Шарлиз Терон се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот ‘Mad Max: Fury Road’. Убавата Шарлиз носела кожен фустан на модната куќа Валентино кој совршено ги истакнувал сите нејзини атрибути.

 

Актерката која има 39 години редовно се наоѓа на листите најдобро облечени актерки, а најновото појавување во Кан во никој случај не беше исклучок. На денешната премиера актерката се појави во друштво на колегите од филмот, Том Харди и Николас Хоулт, а нејзиниот сакан, Шон Пен, овој пат не беше со Шарлиз на црвениот тепих.