Аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз е евакуиран откако две лица упаднале вооружени. Како што пренесуваат француските медиуми, подоцна се утврдило дека пиштолите биле лажни.

На аердромот набрзо настанала паника, а двајцата напаѓачи кои упаднале на терминалот не зборувале на француски јазик, пренесе „Раша тудеј“.

Тие набрзо биле уапсени, а аеродромот продолжил нормално да работи.

OhridNews

Макфакс