Светски познатиот шансониер, Шарл Азназвур ќе го води второто издание на Фестивалот на францускиот филм, што од 28 јуни до 4 јули ќе се одржи во Охрид, соопшти локалната самоуправа која е дел од организацијата на манифестацијата.

На Азнавур чии музички албуми имаат милионски тираж, а настапувал и во голем број филмови, во Охрид ќе му биде врачена наградата „Златна маска“ за животно дело. Наградата ќе му ја додели градоначалникот Александар Петрески, кој ќе пречека Азнавур на охридскиот аеродром.

Финалните детали околу фестивалот биле договорени на вчерашниот состанок што се одржал во Париз на кој учествувале директоротна фестивалот и советник на градоначланикот за култура, Зоран Велјаноски Летра, копретседателите Макс Азуле и Јордан Плевнеш и Сашо Алче, член на бордот директори на Фестивалот.

Се најавува побројно присуство на француските медиуми на овогодинешниот фестивал, а дел од нив веќе посветуваат внимание на Охрид и претстојната манифестација, што ќе придонесе за уште поголема промоција на градот како туристичка дестинација, велат од локалната самоуправа.

Ohridnews