Соработката помеѓу креативниот директор на Диор, Раф Сајмонс и спортскиот бренд Адидас продолжува и понатака, а резултат е новата колекција на патики во кои без сомнеж ќе се заљубат трендсетерките од редовите на модната елита. Бидејќи оваа година патиките доживуваат своевидна ренесанса и се носат речиси со се, тајмингот на излегување на новата Адидас колекција не може да биде подобар.

Колекцијата која ја потпишува Сајмонс вклучува осум унисекс модели, изработени во разни материјали, најлон, кожа и навезени ткаенини. Новата линија е исто така карактеризирана со силни бои, кои на поединечни модели едноставно е невозможно да не ги забележите, поради што претставуваат идеално парче за покажување пред стритстајл фотографите.

 

 

 

 

извор:fashion.hr