Се повеќе британски фамилии се одлучуваат за „модерни“ ковчези за погребување на своите сакани. Побарувачката на зебрести кофчези, со слики од мотори и табла од пикадо току пораснала што малата фамилијарна фирма од Оксфорд, прераснала во голем бизнис. Продаваат околу 200 ковчези месечно.
„Кога ќе изгубите блиска личност тешко е да ја гледате во ковчег. Оние кои ќе ги видат нашите ќе се насмевнат и ќе речат „да, навистина го сакаше голфот“ – рекла сопственичката.
Некои од необичните креации се ковчег кој е направен од цигли, украсен со лента за мерење и либела, за жената која цел живот се борела со вишокот на килограми направиле ковчег како чоколадо. Популарните теми вклучуваат омилени спортови, фотографии од атрактивни туристички дестинации и знамиња. Бизарната желба и ја исполниле на една вдовица со фотографија од градината од сопругот од надворешна и нејзина фотографија во природна големина од внатрешна страна. Некои нарачуваат ковчези со фамилијарни фотографии, така што починатите ќе бидат опкружени со своите сакани.
Направени се од квалитетно дрво, а можат да бидат поевтини од традиционалните ковчези.