Убавата руска тенисерка Марија Шарапова се појавила на доделувањето на „ESPY“ наградите во Лос Анџелес каде сите присутни ги засенила со својата фигура и убавина. Марија е одликувана со награда за најдобра тенисерка, но сигурно требало да биде номинирана и за наградата прекрасен изглед со кој пленела таа вечер. Бидејќи луѓето ширум светот се запознати со нејзините спортски вештини, повеќето биле затекнати колку оваа девојка била елегантнам женствена и грациозна.
Во една прилика за американските списанија Марија открија што е најважно во негата на убавината. Таа објаснила дека бидејќи многу часови минува на теренот по силно сонце, за неа најважна е кремата со заштитен фактор. Следно најважно парче за неа е сјајот за усни.