Русинката Марија Шарапова без загубен сет триумфираше во големото финале на првиот Грен слем тениски турнир сезонава, Australian Open во Мелбурн,  совладувајќи ја српската тенисерка Ана Ивановиќ со 2:0, по сетови 7:5 и 6:3.

И покрај поразот Ивановиќ се искачи на втората позиција на ВТА листата, каде сеуште води белгијката Жастин Анен.

Машкото финале се игра доцна вечерва по македонско време, а се среќаваат србинот Ѓоковиќ и сензацијата на турнирот, французинот Цонга кој стана осми тенисер во историјата на Australian Open кој без ранкинг стигнал до финалето.

ohridnews