Кристијан Шапкар (31), осомничен дека ја предизвика глисерската несреќа на Охридското Езеро во која загина скопјанката Ирина Романова-Муцунска (39), e пуштен од притворот што го одлежа во охридската болница „Свети Еразмо“, пренесува „Дневник“.


Повикувајќи се на извори од судот во Охрид, весникот пишува дека притворот е укинат бидејќи истражната судијка ги сослушала сите сведоци што биле понудени од Обвинителството. Судот му го одреди притворот со цел да не влијае на сведоците, па бидејќи тие се сослушани, нема услови тој и понатаму да биде во притвор.

Обвинителството поднело жалба на одлуката за укинување на притворот. Причина за жалбата било тоа што Обвинителството предлага уште сведоци.

МВР неколку дена по несреќата против Шапкар поднесе кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а истражен судија му одреди 30-дневен притвор. Во консултација со лекарите, Шапкар, кој беше повреден во несреќата, беше задржан во болницата „Свети Еразмо“ под полициско обезбедување, пишува „Дневник“.

Ohridnews
извор „Дневник“