Златорог Лашко е веќе минато. Охриѓани гледаат кон наредниот противник во второто коло од Фиба Евро Челинџ купот. Холандскиот Ајфел тауерс.

При компонирањето на оваа екипа целта беше обезбедување на пласман во групи. По тримфот во Словенија се доближуваме  до целта – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.

“Езерџиите“ ги посакуваа холанѓаните за противници. И покрај тоа што не доаѓаат од кошаркар земја, сепак тие се екипа која има традиција,  а носители на играта се неколку американски интернационалци. Ростерот во охридскит тим останува истиот, не не е исклучена мозноста да се доведе уште еден центар.
 
До првиот натпревар на 4 ноември , Амак СП има и домашна задача.

Гостуваме во Куманово кај Поп Спорт, а потоа дома го пречекувме Пелиситер, натпревари кои очекувам да ги добиеме и да влеземе во посакуван ритам.

Првиот натпревар од двомечот се игра на 4 Ноември во Ден Бош, додека реванш мечот е на 11 ноември во Охрид, според Шапкар ваквиот распоред на натпревари ќе биде предност за Амак Сп .

М.Постоловски