Никој со сигурност не може да тврди кој ќе беше лимитот на охридскиот Амак СП до колку во четвртфиналната серија против МЗТ, на теренот се појавеше Џарид Фрај кој ги остави своите соиграчи по одиграниот прв натпревар кој го заврши со 18 поени. Неговото заминување ја наруши концепцијата во играта, а причината за барањето за негово ослободувње било и се уште е енигма за првиот човек на Амак СП , Венко Шапкар:

– Никој не можеше Џарид сосила да го натера да игра. Дојде кај мене и ми рече дека итно мора да замине за после тоа уште недела дена да е тука. Контактирав и со неговиот менаџер и тој ми кажа дека и со него го раскинал договорот и заминал. Навистина енигма е како и зошто замина пред решавачкиот натпревар. Во текот на првенството беше коректен и не даде повод да се посомнева некој во неговата чесност и намерите кон клубот– рече Шапкар.

>> Крај на соработката со Лазовски ??

М.П.