Одржаната седница на здружението на прволигашите во Охрид  само уште еднаш ја потврди намерата на компанијата „АМАК СП“ со својот клуб КК „Амак СП“ да остане дел од елитното друштво. Првиот човек на клубот Венко Шапкар уште еднаш ги демантираше најавите за откажувањето :



Писмото кое Амак СП го испрати до федерацијата беше погрешно толкувано. Сите знаеме за тешката ситуацијата ,меѓутоа „Амак СП“ и во наредната година ќе има екипа која ќе се натпреварува во најелитното друштво, изјави Шапкар.

М.П.