Новата колкција на Шанеловите рамки за очила со диоптер и колекцијата на очила за сонце се неодоливи – обликот на пеперутка и мачкастите форми ќе ги обожаваат сите жени бидејќи одговараат на секој облик на лице и оставаат впечаток на заводливост.

Преслатката Шарлот Фри е заштитно лице на новата колекција на очилата Шанел. Нејзината розева коса го привлекла вниманието на Шанел. Карл Лагерфилд овој пат одлучил да си поигра со моделите со форма на пеперутка и мачкастите форми, но не отишол во пин-ап клише, туку тие сензуални модели ги реинтерпретирал на нов и откачен начин.

Лагерфилд слатката Шарлот ја замислил во нежна розева бајка од монистра, букле и твид, со новите очила Шанел во прв план. Инспирација за оваа есен – розева коса и смели очила!

извор:femina.hr