По завршување на натпреварувачкиот дел на меморијалниот турнир во Прилеп охридските ракометари од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески беа крунисани за шампиони на првото издание.


До трофејот избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски стигнаа со три победи во исто толку натпревари. Пред ракометарите на Охрид подклекнаа екипите на Пелистер, Радовиш и домаќинот.

За најдобар играч на турнирот е прогласен ракометарот на Охрид, Јосип Кезиќ кој во последниот меч со Радовиш реализираше шест погодоци.

Второто место на турнирот му припадна на Пелистер, третата позиција ја освои Радовиш додека Прилеп заврши на последната.

Мх.П.