Неколку не одговорени прашања околу шампионот во Премиер Лигата, ќе ги добиеме вечерва на Стемфорд Бриџ каде се игра дербито помеѓу освојувачот на трофејот Челси и лидерот на табелата Манчестер Јунајтед.


“Сините“ зад Јунајтед заостануваат 15 бодови но избраниците на Карло Анчелоти имаат еден натревар помалку. “Црвените ѓаволи“ на Стемфорд Бриџ немаат триумф цели девет години, слабата форма на Челси оваа година и играта “топло ладно“ му овозможува на “бебињата“ одлична шанса да ја прекинат негативната серија и да направат крупен чекор до рекордната 19-та титула во Премиер Лигата.

Мх.П.