Селекцијата на Италија која во 2006 година триумфираше на Мундијалот во Германија, повторно ја израдува нацијата, овој пат со организација на хуминатарна мисија.

Фудбалерите предводени од легендата на Јувентус, Алесандро дел Пиеро, собраа финансиски средства и набавија четири амбулатни возила кои ги донираа во италијанскиот Цврвен крст.

Се работи за нови модерни возила, со нови системи за био-заштита, кои на крајот на оваа пандемија (која се надеваме е блиску), можат да продолжат да се користат. Судбина е што собравме доволно пари за четири возила, бидејќи четири е бројот на титули од Светските првенства кои ги има освоено Италија. Благодарам на сите, покажавме дека е важно да се биде тим. – објави Дел Пиеро.

Италијанската репрезентација во 2006 година е една од најдобрите во историјата која победила на Светско првенство. Во текот на Мундијалот, „азурите“ примија само два погодоци. Еден од пенал од Зидан во финалето и авто голот на Закардо. Во финалето, Италија ја совлада Франција на пенали.

OhridNews