Кошаркарскиот клуб АВ Охрид и охридската локална самоуправа предводена од градоначалникот Никола Бакрачески имаа средба со реноминираните кошаркарски имиња во поранешна Југославија, Божидар Маљковиќ и Бора Џаковиќ и Рацо Ѓорѓиевски и амбасадорот на Србија во Македонија, Душанка Дивјак–Томиќ.


На средбата се дусктираше за повеќе теми меѓу кои развивање на кошаркарката во Охрид , меѓународен турнир во кошарка и целосен скаутинг на играчкиот кадар.

– Секогаш кога доаѓам во Охрид исполнет сум позитивна енергија. Градот има фантастични услови за живот на спортисти. Имам само позитивни впечатоци од првите разговори со градоначалникот и челниците на охридскиот клуб. Ќе разговараме уште неколку пати и заедно ќе изготвиме план за развој на клубот и кошарката. – рече Божидар Маљковиќ живата легенда на југословенската кошарка.

Маљковиќ има редок учинок во Евролигата откако успеа да се искачи на тронот со три различни екипи. Шампион беше се легендарната генерација на Југопластика, Лимож и грчки Панатинаикос.

Отворени раце за соработка понуди Општината Охрид на чело со градоначалникот Никола Бакрачески. – Ние како Општина тежнемее за развивање на спортот во Охрид. Исто така подготвени сме да ја подржиме секоја иницијатива на спортски клубови кои партиципираат во Охрид. Разговаравме на неколку теми, а се задржавме на кошаркарскиот турнир на отворено кој порано беше синоним на нашиот град.


Амбасадорот на Србија во Македонија, Дивјак–Томиќ додаде – Од оваа иницијатива ќе има добар резултат за двете земји. Многу ми е драго што искуствата на големите кошаркарски имиња ќе биде пренесувано и на македонски стручњаци и играчи.

Своја спортска промоција имаше и кошаркарскиот клуб АВ Охрид кој е лидер на табелата во Втората лига и со голема тендиција да биде член од следната сезона во елитата.

– Разговаравме за можноста за доведување на играчи од Србија со Бора Ѓаковиќ. Веќе се подготвуваме за следната сезона во која треба да бидеме дел од Првата лига по успешните резултати во првиот дел од Втората лига. – потенцираше Мајран Бошалески.

Ohridnews