Кошаркарите на АВ Охрид во голем стил со победа над Радовиш 85-76 ја прославија титулата во Втората лига и пласманот во елитата од следната сезона.
Гостинската екипа во Охрид допатува од последната позиција на табелата, но пружи солиден отпор во првиот дел кој охриѓани го добија со 40-37.
Сиот потенцијал и квалитет охридските кошаркари го демонстираат во третиот и четвртиот квартал во кој комплетно доминираа.
На моменти водството изнесуваше и 19 поени, но гостите до крајот на успеаја да постигнат серија кошеви и да го ублажат поразот.
„Галебите“ со скор од 17 победи и еден пораз доминатно стигнаа до првото место на табелата и по само една сезона го прескочија второлигашкото друштво.
Најпрецизен во охридскиот состав беше Донески со 19 поени, еден помалку постигна Младеновиќ, а двоцифрен учинок имаа уште Виларов и Бранко Јанески.
Епитот најдобар стрелец на мечот го понесоа Марјанчо Колев и Емил Колев кои реализираа по 22 кошеви.
Мх.П.