Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига.

Во првото коло ќе се соочат бранителот на трофејот Струга и победникот во Купот, тимот на Тиквеш.

Двојки за 1. коло во Првата македонска фудбалска лига:

Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
АП Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска Спорт.

Сезоната 2024/25 ќе почне на 11 август.

OhridNews