Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија нема победа ниту по трето коло одиграно попладнево. Тетовци во дуел со многу пресврти негативата од 1:2 ја претворија во водство од 3:2, но во судиското надополнување примија гол за конечни 3:3.


Резултати на натпреварите од 3. коло во ПМФЛ:
Брегалница – Шкендија 3:3
Македонија ЃП – Скопје 5:1
Пелистер – Шкупи 0:2
Работнички – Струга 0:0
Ренова – Борец 2:0
Тиквеш – Академија Пандев 0:2
Табела: Академија Пандев 7 бода, Шкупи 7, Ренова 7, Македонија ЃП 6, Струга 5, Работнички 4, Брегалница 3, Борец 3, Шкендија 2, Скопје 2, Тиквеш 1 и Пелистер 0.