Убедлива победа на кошаркарките на Вигор Скопје и во вториот финален натпревар од плеј-офот од женскиот кошаркарски шампионат. Скопјанки со огромни 50 кошеви разлика 48-98 ја совладаа охридската Билјана 006 поведувајќи со 2:0 во серијата подобар до три натпревари.


Бранителот на шампионската титула уште на стартот покажаа кој е фаворит на теренот. По првите 10 мин игра направи предност од 17 поени која до како одминуваше времето се зголемуваше. Охриѓанки мака мачеа да организираат напад, тешко поентираа а направија и бројни технички грешки.

Сето тоа резултираше со  уште еден висок пораз кој ги остави охриѓанки само со теоретски шанси. Според играта  за очекување е бранителот да го одбрани трофејот на третиот натпревар од финалната серија, кој се игра во среда во Скопје.

ohridnews