Работнички во дербито забележа победа над Фени индустри со 83:78.
Американците Абукар со 21 и Шарпер со 19 поени го предводеа тимот од
Градски парк до победата. Трајковски со 26 и Вучуровиќ со 15 поени беа
најефикасните во тимот на Фени индустри.
Кожув ја продолжи победничката серија откако го совлада Куманово со
91:86. Караџовски со 17 поени, односно двоецот Божовиќ-Пековиќ со 16
односно 15 поени беа најефикасни во тимот на Марјан Србиновски. Костоски
со 29 поени, 9 скокови, 2 асистенции и 3 украдени топки беше најдобриот
играч на теренот.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен ја совлада
Лирија со 93:80. Екипата на Пипан во ниту еден момент немаше проблеми со
Лирија, дури шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени,
најмногу 21 поен реализира Борис Бакиќ. Балша Радуновиќ играчот на
Лирија со 27 поени беше најефикасен на натпреварот.
Табела: 1. МЗТ 7/1, 2. Кожув 6/2, 3. Работнички 5/3, 4. Фени индустри 3/5, 5. Куманово 2/6, 6. Лирија 1/7.