Првиот од четирите натпревари кои треба да го дадат македонскиот ракометен шампион заврши без победник 27-27.

Вицешампионот Вардар Про не ја искористи предноста на полувремето 15-10 за да поведе со 1-0 во дуелите со актуелниот првак Металург.

Вардар имаше гол предност но шампионот се спаси во фото финишот со погодокот на Живковиќ.

Домашниот тим го предовдеше Немања Прибак со седум погодоци, додека Мојсоски и Ивановиќ потигнаа по еден помалку. Кај гостите најистакнати беа Шмигиќ со девет погодоци и голанот Борко Ристоски со 11 одбрани.

М.П.