СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(50) од с.Подмоље-охридско, шалтерски благајник во АД „Македонска пошта“-Подружница Охрид-с.Требеништа за сторени кривични дела „послужување во службата“ и „проневера во службата“.

Во јуни 2008 година, пријавениот неовластено се послужил со парични средства доверени во службата во износ од 205.740 денари, кои подоцна ги вратил, односно внел во благајната на поштата, додека во август оваа година, со намера да се стекне со имотна корист, од благајната противправно присвоил 142.819 денари, оштетувајќи ја „Македонска пошта“ за наведениот износ.