Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека денес и вторник 30 август, прв ден на празникот Рамазан Бајрам, ќе бидат работни денови за шалтерите на Фондот за пререгистрација на невработени лица.

Невработените лица, носители на здравствено осигурување до 1 септември треба да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот. Пререгистрирањето се врши со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации и со пополнување барање за издавање електронска здравствена картичка.

OhridNews