Фудбалерите на Шалке ги изгубија и теоретските шанси за опстанок во Бундес лигата, откако, на вчерашното гостување кај Арминија Билифилд претрпеа минимален пораз (1-0). „Сините“ од германската фудбалска елита после триесет години континуирано играње и борење за титули и излез во Европа.

Целокупната експедиција на Шалке која беше на гостување во Билифилд имаше непријатен пречек во Гилзенкирхен. Лутите навивачи со јајца ги гаѓале фудбалерите и останатите лица во автобусот.

Лица се гаѓани со јајца и на нивна сметка се упатени погрдни зборови. Ова нема допирна точка со спортот, ги бараме виновниците, – стои во соопштението од германската полиција.

Клубот преку социјалните мрежи ги осуди нападите и се обиде да ја смири топката.

На сите нас ни е тешко, но тоа што се случи ја премина „црвената“ линија. Нарушена е безбедноста на фудбалерите и лица вработени во клубот. Ова не е недозволиво и неприфатливо, – се вели во објавата од клубот.

Пред две сезони Шалке беше дел од групната фаза во Лигата на Шампиони, но кризата предизвикана како последица од пандемијата на коронавирусот остави големи последици од клубот, кој следната сезона ќе се пресели во „цвајте“ лигата.

OhridNews