Многу ми е жал што така се загуби натпреварот, тоа е наша стара болка. Ќе заводиме, ќе дадеме гол и на крај ќе изгубиме 2-1– вака поранешниот репрезентативец, а сега тренер на Шкендија, Артим Шаќири го оцени мечот против Хрватска по кој “црвено-жолтите“ го запишаа вториот пораз во третио меч од квалификациите.

Шаќири смета дека поразот беше заслужен и дека играта била далеку од таа во првите два меча.

Таа игра ветуваше повеќе бодови, но ние останавме само на еден. Пропусти има, време и да има замени во составот, Пандев го нема, но мора да се игра и без него, некој  ќе чека таква шанса за да покаже дека го заслужува дресот со националниот грб – вели Шаќири.

Тој смета дека амбиентот нема да биде како на мечот со Хрватска , но очекува повторно полн стадион,

Нема подобар мотив од натпревар против селекција од соседството. Ние немаме добри резултати против оваа репрезентација, доаѓа еден реванш на кој мора младите да се докажат. Имаме два порази и едно реми и не е се изгубено, има уште шанси. Со победа над Србија остануваме во игра, пораз ќе значи крај на сите надежи за евентуален пласман на Мундијалот– заклучува Шаќири.

М.П.