Екипата на Илинден од Велмеј за влез во најдобрите осум во македонскиот национален куп ќе игра против тетовска Шкендија,беше одлучено на ждребката која вчера се одржа во х.Континентал. На двомечот со Шкендија Илинденци ќе бидат домаќини на првиот натпревар во Велмеј на 24 окотмври , додека реванш натпреварот е на 7 Ноември во Тетово.


Шаќири ја засили Шкендија

Деновиве екипата на Шкендија ја засили повратникот во мак фудбалот некогашниот македонски репрезентативец Артим Шакири . На домашната сцена Шаќири има настапувано за Караорман и за Вардар, а како интернационалец се докажуваше во Шведска, Бугарија, Англија, Турција, Германија, Данска и во Финска .

На останатите натпревари играат: 
ПЕЛИСТЕР-РАБОТНИЧКИ К.
БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
МИЛАНО – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР Д.- НОВ МИЛЕНИУМ
ТЕТЕКС – ВАРДАР
РЕНОВА – НАПРЕДОК
СИЛЕКС – СКОПЈЕ

[email protected]