Артим Шаќири, фудбалерот кој на 75 натпревари постигна 15 гола, без игра се прости од националниот дрес. Уште една убава замисла не успеаа во целост да ја реализираат од ФФМ, која во соработка со селекторот Мирасад Јонуз се одлучија да не му дадат шанса на Шаќири за последен пат да истрча на зелениот тепих.
Жалосна беше изјавата на селекторот Јонуз, дека несакал да загуби една замена за да му даде на Шаќири, фудбалерот кој остана запаметен во целиот свет по голот од корнер против Англија, гол кој го пензионираше големиот Дејвид Симан.
Но не, Јонуз не сакаше да изгуби една замена за Артим Шаќири.
Ниту пак протоколот околу неговото какво такво испраќање нешто посебно ги трогна навивачите. Плакета и цвеќе доби Шаќири за се што стори за црвено – жолтиот дрес, и тоа таму некаде на центар помеѓу децата кои беа постаени да ги држат знамињата за декор, кои подоцна се разместија позади головите да ги “бркаат“ топките.
Дел од пристуните на северната трибина коментираа, “па камо сега еден видео бим па на него да се вртат неговите погодоци, неговите настапии нормално и голот од корнер против Англија“. Но не тоа е мисловна именка за нас.
Навивачите го направија своето, на најавата на официјалниот спикер 25 илјади грла ко еден скандираа „Артим Шаќири“ за да подоцна фудаблерот им отпоздрави и замине во легендите.
– Дојдов на стадионот во Скопје само поради навивачите. Чувствував обврска кон нив, многу сум задоволен од чинот, гестот, нивниот однос кон мене, нивниот пристап кон мене. Презадоволен сум, ми направија голема чест. Не знам како да им се оддолжам. Да не беа тие немаше да се појавам на стадионот. Заслужија да бидам таму – рече Шакири.
Македонија нема многу фудбалски великани, но тие малкуте што ги има мора да добијат далеку поголемо внимание.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com