– Во најлудите сониша не помислував дека така лесно ќе го елиминираме Металург во четвртфиналето. Гледајќи го теренот, кој беше далеку од способен за игра, јас лично очекував дека ќе има борба до последниот свиреж на судијата. Не одлучивме да се браниме, иако имавме резултат што не водеше понатму. Како што одминуваше натпреварот, така нашата самодоверба растеше. Во вториот дел почнавме да ги реализираме шансите и покажавме дека можеме да излеземе победници од секоја ситуација – посочи тренерот на Шкендија, Артим Шаќири.
Избраниците на поранешниот репрезентативец Артим Шаќири и на првенствениот меч го совладаа Металург со минимални 1-0. Но, никако “црвено црните“ неможат да фатат ритам и сериозно да се вмешаат во борбата за титулата.
– Серијата слаби резултати кои ги имавме во шампионатот беше мала криза, од која полека излегуваме. Потенцирав и порано еве и сега ќе кажам дека сезонава одиме на двојна круна – истакна Шаќири.
Тренерот на “црвено црните“ нема некоја посебна желба за ждрепката во 1/2 финалето во Купот на Македонија.
– Ова е полуфинале и сите се борат за влез во големото финале. Јас не посакувам никого и не се плашам од никого. Ќе оставиме среќата да си го направи своето, а ние нашето ќе го покажаме на теренот – заврши за “Ohridnews“, Артим Шаќири.