Шаќири со позитивни импресии од првиот ден на турнирот. – Прв пат играм овде во салата во Охрид и пријатно сум изненаден од организацијата на турнирот и од условите. На Охрид како град му е потребен ваков турнир, на кој учество би зеле екипи не само од регионот, Струга, Кичево, Ресен туку и пошироко од Македонија. Одлично е, она што недостигаше вечерва е публиката, но со оглед на тоа што денес е прв ден , а и се играат натпревари од лигата на шампиони, очекувам во наредните натпревари посетеноста да биде зголемена – рече Шаќири.
Шаќири : “На Охрид му е потребен ваков турнир“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com