– Секако дека има нови позитивни вибрации во селекцијата која искрено ме радува. Можиме и треба да жалиме зошто Македонија во двата натпревари не освои повеќе бодови од оној еден во Глазгов. Мечевите што следуваат за Македонија против Хрватска и Србија нема воопшто да се лесни, напротив ова ќе бидат најтешките дуели во групата – посочи Џиџи.
Поранешниот селектор се осврна на натпревари кои ја очекуваат на Македонија во групата А. Во третото коло играат со Хрватска, а четири дена подоцна играме исто така дома но против Србија.
– Моментално хрватската селекциија и општо фудбалот во Хрватска е растресен од самите темели, тоа ние треба да го искористиме и да им ги зголемиме проблемите. Новиот селектор на Србија, Михајловиќ имаше повеќе време од Јаневски да ја среди и донесе во прав колосек репрезентацијата. Која е склопена од млади фудбалери со неколку искусни фудбалери. Голема штета е што новиот селектор на Македонија, Јаневски не ја презеде селекцијата на време за да може подолго време да ја простудира играта на сите потенцијални репрезентативци – заврши Никола Илиевски Џиџи.
Екс репрезентативецот, сега тренер на Шкендија, Артим Шаќири ја пофали добрата атмосфера во репрезентацијата по преземањето на Чедомир Јаневски.
– Од далеку се гледа позитивната атмосфера по назначувањето на Чедомир Јаневски за селектор. Со неговиот избор за селектор не се задоволи само фудбалскиот круг во Македонија него и пошироко. Добро ќе беше да ја преземе селекцијата порано за да може подобро да ги запознае репрезентативците – истакна Артим Шаќири.
Македонија во двата мечевите одигра добро, претрпе минимален пораз од Хрватска и ремизираше со Шкотска во Глазгов играјќи 1-1.
– Играме добро, имаме игра која носи резултати и пак тогаш проработува македонскиот синдром и губиме од една минимална грешка. Можам слободно да кажам дека Македонија требеше да освои барем четири бодови од овие два меча, но за жал прокнижи само бод – рече Шаќири.
Наредните два натпреварит против Хрватска и Србија ќе бидат клучни за развојот на Македонија во квалификациската групат за мундијалот во Бразил.
– Македонската публика е гладна за успех на репрезентацијата во фудбал. Не ни се сомневам дека стадионот Филип Втори ќе биде исполнет до последното место, публиката ќе си го направи своето а сега на ред се фудбалерите – заклучи Шаќири.
Македонија мечевите против Хрватска и Србија ги игра на 12 односно 16 октомври на Националната арена “Филип Втори“.