Ветеранот Артим Шаќири ќе се прости од националниот дрес токму на дуелот со Шпанија, а најавите се дека тој ќе го изведе почетниот удар, по што публиката ќе му отпоздрави и ќе му се заблагодари за сé што направи за Македонија.

Првобитната најава беше дека Шаќири ќе го почне натпреварот и дека ќе биде заменет после десетина минути, но поради тоа што селекторот Јонуз ќе изгуби право на една замена, се очекува Шаќири да го изведе почетниот удар и да се повлече.

ohridnews