Шакира е наводно во врска со фудбалерот на Барселона Жерард Пике, кого го запознала летото за време на светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Гласините за нивната врска се појавија оваа есен кога биле видени заедно пред исти хотел за време на нивните одмори на Ибица.
Откако повторно биле забележани заедно во хотел во шпанскиот град Блан, медиумите уште повеќе биле уверени дека колумбијката и шпанецот навистина се сакаат. Шакира веќе десет години е во врска со Антонио де ла Руа, за кого требала да се омажи пред неколку месеци. До свадба не дошло, а нивната свршувачка не била раскината. Жерард е исто така свршен со својата долгогодишна девојка Нуриа Томас.