Во понеделникот пејачката Шакира ја посетила Белата Куќа во Вашингтон. Колумбијката дошла како амбасадор на УНИЦЕФ. Разговарала со сотавувачите на семејните закони во Соединетите Американски Држави.


После тоа сакала лично да го поздрави претседателот Барак Обама. Извор близок на претседателот рекол дека кратко се задржала во разговор со него. Пејачката како амбасадор се грижи за правата на децата и тоа била главната причина за нејзината посета на Белата Куќа.