Колумбиската поп пејачка Шакира, амбасадорката при УНЦЕФ, и нејзиниот избраник, фудбалерот Жерар Пике, во средата отвориле онлајн пристап до својата виртуелна дневна соба, како со заработката од посетите би ги спасиле животите на најзагрозените деца на планетата. Од собраните средства ќе бидат обезбедени мрежи за комарци, кои ги штитат бебињата од маларија и вакцини за најмладите. Пејачката, која сеуште не го соопштила датумот за породувањето, на интернет ги поставила своите најнови фотографии.
До погледот до нивната дневна соба може да се пристапи преку сајтот uni.cf/baby. Таа моментално работи на својот осми албум, а заедно со Кристина Агилера следната година ќе биде тренер во американското шоу „The Voice“. Својата врска со фудбалерот прв пат јавно ја споменала во март 2011, додека овој септември го најавиле доаѓањето на свет на нивното прво дете.