Пејачката Шакира(32) сака да има семејство и да стане мајка. Нејзин вереник е Антонио де ла Руа, а заедно се веќе девет години. Раскажала дека тој е вистинската личност со која сака да има деца.


Неодамна признала дека и е ужасно тешко да пишува песни. На Колумбијката мајчин јазик и е шпанскиот, па се мачи со англискиот на кој ги изведува поголемиот број од нејзините песни. Признала дека секогаш кога ќе започне да пишува песни зборовитe ги бара во речник.