37-годишната пејачка Шакира и нејзиниот партнер, фудбалерот Жерар Пике го чекаат своето второ дете, јавуаат светските портали. Колумбијката и нејзиниот сакан ќе станат мајка и татко на девојче или момче следната година. Само пред неколку дена оваа колумбијка беше во центарот на случувањата на затворањето на светсктото фудбалско првенство кога на бината го изведе својот 18-месечен син Милан.

Иако малиот Милан не бил премногу возбуден кога Шакира го извела на бината на славната бразилска Маракана, сигурни сме дека е многу возбуден поради веста дека ќе добие братче или сестричка.